Британскиот рибар Стив Тоунсон улови дива арапаима, „чудовиште“ тешко 113,4 килограми, во реката Есеквибо во Гвајана. Тој патувал низ светот и ловел егзотични риби, а овој пат како мамец користел пирана тешка 900 грама.
Тоунсон за светските агенции изјавил дека арапаимата е една од најтешките и најмоќни слатководни риби, а голема и ретка привилегија е да уловите една од нив. Ловот на тие риби бил забранет, но во Јужна Африка бил дозволен, со тоа што сте обврзани да ги пуштите на слобода. На крајот рекол дека рибата која ја уловил никогаш претходно не била уловена.