Американецот Хенри Либмен уловил на Аљаска риба стара 200 години, рекорден улов кој налутил многу активисти за заштита на правата на животните. либмен рибата со необичен изглед, ја уловил на отворено море, во заливот Ситка. Станува збор за примерок од рибата sebastes borealis, која ја проголатала јадицата на длабочина од околу 270 метри длабочина. Веднаш забележал дека е абнорлано голема, но сватил дека тоа е нов рекорд дури откако погледнал во прирачникот кој го чувале на бродот. Рибата со импозантни прпорции, должина од еден метар, а тежина близу 20 килограми, била испратена на анализа во министерството за риболов и лов на Аљаска.
После првите тестови, експертите востановиле дека рибата е стара најмалку два века, што претставува нов рекорд. Претходниот го држела риба стара 175 години. Доколку датирањето биде потврдено, рибата би била постара од државата Аљаска, која со купувањето од царска Русија и припаднала на САД во 1867 година. Веста за уловот на рибата предизвикал бес кај еколозите. Според медиумите, илјадници активисти за заштита на правата на животните протестирале поради убивањето на вака редок примерок. Меѓутоа, нивното незадоволство ниту малку не го вознемирило Либман, кој гордо позирал со својот трофеен улов и изјавил дека има намера рибата да ја изложи во својата куќа во Сиетл.