Еден ирски турист се изненадил кога на Флорида уловил необична риба. Неговиот улов имал пераи, шкрги, но исто така имал и заби кои многу потсетувале на човечки. Рибата чиј латински назив гласи “Archosargus probatocephalus”, а американсците ја нарекуваат овча глава, е посебна по тоа што има вилица со заби какви што имаат цицачите.

Токму ваков примерок уловил ирецот кој бил на одмор на Флорида. Рибата се нашла во мрежа која се обидела да ја прегризе, но судејќи по насмевката на рибарот, сигурно завршила во неговото тавче. Овој вид риба може да достигне должина до 75 сантиметри, а се храни со ракови и школки. Забите ги развила за да може да ги крши нивните оклопи.