Американецот Кени Вилијам на езерото Чотард кое се наоѓа на реката Мисисипи успеал да улови риба од 150 килограми, пренесуваат американските медиуми. Долга била повеќе од 2,6 метри и биле потребни четири лица за да ја извлечат од езерото. Кено гордо изјавил дека додека ја извлекувал не бил свесен за нејзината големина, а гога се приближила сватил дека е многу поголема отколку што мислел.


Во одделот за животни и паркови Мисисипи мислат дека се работи за најголемиот примерок кој бил уловен од овој вид риба. Најголемата досега уловена тежела 128 килограми и била уловена во далечната 1951 година. Вилијамс својот улов ќе го подари на природонаучниот музеј каде рибата ќе биде изложена.