Еден жител од Хаваите уловил риба за која се утврдило дека проголтала златен часовник. Курт Керис бил на плажа со пријателите кога ја забележал малата риба како се прпелка во плитката вода. еден пријател му рекол да земе стап и да ја фати.

Веднаш забележал дека нејзиниот стомак е необично надуен, но сепак ја ставил во рачниот фрижидер. Дури после извесно време Крис и пријателите го откриле часовникот кој и излегувал низ устата. Најизненадувачко било тоа што часовникот работел и покажувал точно време.