Еден риболовец добил повеќе отколку што се надевал додека ловел риба во Квинсленд, Австралија. Уловил голем австралиски сребрен смуѓ, се фотографирал со него и се спремил рибата да ја врати назад во реката. Кога ја отворил устата на рибата да ја извлече јадицата, забележал нешто внатре. Право во него гледала зелена жаба.
Рекол дека бил во шок. Најпрво помислил дека тоа е трева, но потоа трепнала. Жабата била жива и здрава и скокнала од грлото на рибата преку неговото рамо. Изјавил дека секогаш носи фотоапарат со себе, па ја фотографирал а потоа таа скокнала. Експертите утвдиле дека во прашање е здепаста арбореална жаба со латинско име Litoria caerulea, позната и како австралиска зелена жаба.