Британецот Мартин Лок (47) само по маица со кратки ракави и фармерки скокнал во чамецот во шест часот наутро на температура од минус три степени за да го улови крапот тежок колку и пејачката Кајли Миног.


Цела седмица се смрзнувал на едно француско езеро, а огромнара риба од 42,5 килограми била единствената која во тој период ја загризла јадицата, па Мартин не сакал да ја испушти по ниедна цена. Го разбудил импровизираниот аларм, па веднаш од шаторот се стрчал кон чамецот. Едвај ја извлекол на копно и се фотографирал со неа, па потоа ја вратил во водата.