Еден ловец од Северна Каролина може да се пофали со улов на својот живот. Минатиот месец цо шумата во округот Берти улови 250 килограми тешка дива свиња. Џет Веб, кој има 36 години, рекол дека сето тоа било нереално и вистински шок. Немал поим дека толку големо животно трча низ шумите.
Овој ѕвер уште минатата година успеале да го снимат со камера, но се досега не успеале да го уловат. Сепак, колку и да е голема оваа дива свиња, не е најголемата досега уловена. тој рекорд го држи еден ловец од Џорџија чиј улов тежел неверојатни 400 килограми.