Учителот по математика Себастиен Баксулес одлучил со голи раце да улови анаконда поголема од пет метри откако го убила кучето на неговиот пријател. Но, тоа не е се. Откако ја уловил со помош на пријателите, овој 39-годишен учител ги довел своите три сина од 11, осум и пет години да си играат со огромната змија. Вели дека не се плашеле и во ниту еден момент не биле во опасност, бидејќи на змијата и ставиле вреќа на главата така да била слепа и безопасна.

Себастиен пред 15 години се доселил во Француска Гвинеја како би го остварил својот сон од детството, да живее окружен со змии. Овој искусен ловец на змии вели дека досега уловил 15 до 20 анаконди. Овој примерок дури и го довел дома и преку ноќта го ставил во кадата, како следниот ден со своите пријатели би го одвел далеку од луѓето, до реката, и би го пуштил на слобода.