Во местото Ла Крус, во јужноамериканската држава Перу, уловена е црна ража долга осум метри и тешка повеќе од 1000 килограми. За да можат да ја извлечат од морето, им бил потребен кран, а вака голема ража досега не е видена. Кели Крус Кумпен, една жена која била на плажата во тој момент, го фотографирала животното и фотографијата ја поставила не Фејсбук.
Сепак, не очекувала дека истата ќе стане толку популарна и дека ќе се најде дури и на вести на телевизија. Од здружението за заштита на морскиот свет во Перу сметаат дека овој случај би требало да биде посебно истражен, бидејќи ваквите ражи се многу ретки во водите околу оваа јужноамериканска држава.