Анаконда долга дури седум метри била уловена од мештаните во селото Арселос во Амазонија, а оваа огромна чудовишна змија се смета за една од најголемите видени досега.

Оваа фотографија ја направил еден од мештаните кој учествувал во ловот, а иако на иантернет се воделе бурни полемики околу тоа дали се работи за фотомонтажа, авторот на снимката лично потврдил дека истата е автентична. Според бразилските медиуми, кожата и маста на оваа џиновска змија ќе бидат искористени за производство на лекови, со што се занимава становништвото во овој регион на земјата.