Душан Сандевски, страствен риболовец од Скопје, се изненадил кога ловејќи риба во Охридското Езеро кај одморалиштето „Партизан“ уловил златен клен. Откако рипката не „понудила“ да му испони три желби, вчудоневидениот рибар ја извадил на површина и ја презентираше на јавноста.
уловен златен клен во Охридското Езеро !?
Сторијата за невообичаениот плен ја објави локалната ТВМ, која ја пренесе и изјавата на „среќниот“ рибар.
Тој изрази жалење што не се сетил да ја стави рибата во мрежа и да ја одржува во живот, но рече дека бил многу возбуден. Сандевски е искусен рибар и добро го познава рибниот фонд во Охридското Езеро, но вели дека досега ваков клен не видел.
Хидробилошки ќе ја испитува златната рипка
Тој изрази спремност рибата да му ја даде на Хидробиолошкиот институт од Охрид на испитување, а оттаму најавуват подготвеност да го истражат овој природен феномен.
ohridnews