Сомовите се многу вкусни, но оние кои ги јадеме обично се мали, само толку колку да ги собере во рерната. Сепак, еден жител на Италија минатиот месец улови гигантски сом тежок цели 127 килограми. Професионалниот риболовец Дино Ферари, овој сом го улови во делтата на реката По, најголемата река во Италија.

 

Иако оваа река е позната по големите сомови, најголемиот досега бил долг околу два метри, а овој има речиси три метри. Уште поимпресивно е тоа што Дино оваа џиновска риба ја уловил користејќи само обичен стап за ловење риба. Со овој улов, рибарот поставил светски рекорд, а рибата која ја уловил може да прехрани петчлено семејство и тоа цел еден месец.