Австралискиот научник Адам Бритон го измерил најдолгиот крокодил на светот кој се наоѓа во заробеништво и неговата должина изнесувала 6,19 метри. Овој огромен влекач бил уловен во мочуриштата кај островот Минданао. Се обидувале да го уловат во замка, но тоа не им поаѓало од рака, бидејќи замките лесно ги уништувал.
На крајот околу 100 лица го извлекувале на една ливада, од каде со дигалка бил префрлен до еко паркот, а желбата на жителите од тоа место била од него да направат туристичка атракција. Се верува дека токму овој крокодил го изел локалниот рибар кој исчезнал оваа пролет.