Австралиските ренџери го уловиле најголемиот морски крокодил во оваа година, животно долго 4,5 метри кое повеќе дена ги тероризирало локалните рибари. Според австралиските агенции, крокодилот бил уловен пред неколку ноќи во водите североисточно од Дарвин, на северот од земјата.
Еден од ренџерите кои учествувале во фаќањето на ѕверот изјавил дека со оглед на тоа оти бил огромен, и со оглед на тоа што бил единствениот крокодил на тоа подрачје, најверојатно мислел дека бродовите го загрозуваат, па затоа ги напаѓал. Секоја година во Австралија страдаат најмалку две лица во напади од морски крокодили кои можат да нараснат и до седум метри и да достигнат тежина преку еден тон.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com