Информацијата е во изворот на постоењето и перцепцијата на нашиот свет. Но, што значи ако информацијата е филтрирана и изманипулирана од медиумот?, вака Небојша Илијевски ја започна панел дискусија, насловена „На ти го-дај ми го”, која се одржа вчеравечер на  Фестивалот за процесирање култура „ДримON“ во Струга.

Панелистите, новинарот и колумнист Ѕвездан Георгиевски и медиумската аналитичарка Емилија Петровска – Камењарова, дискутираа за перцепцијата на крајниот производ, кој го нудат медиумите, новинарскиот клиентелизам како и за медиумска писменост. Обајцата отворија повеќе прашања за (не)довербата во новинарите и новинарството, влијанието на центрите на моќ,свесноста на граѓаните за проблемите во медиумската сфера, и како да се избегне погрешното информирање.

На третиот фестивалски ден, уличното списание „Лице в лице” во соработка со Германското друштво за интернационална соработка(ГИЗ),во рамки на „ДримON“, го промовираше 26. издание. Новиот број на „Лице в лице“ ја опфаќа темата за повратниците и нивната интеграција во земјава. Во склоп на промоцијата, посетителите имаа можност да ја проследат изложбата на постери насловена „Бегалци во сопствената земја“.

Во вечерните часови на летната сцена преовладуваше духовита, старасна и жешка танцувачка атмосфера.„Фолтин“ неуморно ја забавуваа струшката публика,со силни овации и аплауз, па два пати се вратија на сцената.

„Приградски хулигани“ е последниот ден на „ДримON“ недела,30-ти јули) и е посветен на изложби со дела од работилниците којшто се одржаа претходните денови, во паркот, како и завршените инсталации од „Треш колонијата“ на различни локации во градот. Во 19.00 часот, во фоајето е танго работилницата насловена „Да се сретнеме на половина пат“ со „Фамилија Тангови“.

Од 20:00 публиката ќе има можност да ја види театарската претстава „Даго поздравиш и да ми го бациш“ во продукција на „Артопија“, која е авторско дело на четворица актери и еден режисер и која ја раскажува приказната за растењето, носејќи соништа за себеостварување и соочување со општествените механизми на функционирање.
На „ДримON“ киното ќе има проекција на „The State of Exit” во режија на Кевин Бојтел и Сандер ван Дриел за најголемиот музички фестивал во Србија. По кино проекцијата, следуваат дечките на  „TrendKill“ и Sybil. Честа да го затворат петтото издание на „ДримON“ ќе имаат Томче и Чима, диџеите на култното „Сабвеј“, а забавата со нив започнува на полноќ.

OhridNews