Согласно сообраќајниот режим кој стапи на сила од 1-ви септември „ Кеј Македонија“ и улицата „ Ванчо Николески“, по завршувањето на летниот режим, повторно треба да се ставени во употреба, односно отворени за сообраќај. И покрај тоа, улицата „ Ванчо Николески“ и понатаму е блокирана со разни реквизити.

Од локалната самоуправа објаснуваат дека причината што реквизитите и по изминати 18 дена по стапувањето на новиот режим не се отстранети, е тоа што договорите кои нивните сопственици ги склучиле со локалната самоуправа за поставување урбана опрема имаат важење до 15- ти, односно 20- ти септември.

По овие датуми од локалната очекуваат дека реквизитите ќе бидат отстранети и улицата повторно ќе биде ставена во употреба.

OhridNews