Расфрлан отпад, израсната трева и трња, стари рекламни постери, стари тараби испишани со црн спреј- можат да се видат на една од најпрометните улици во центарот на градот, што води до самиот езерски брег.

Охриѓани коментираат дека оваа кратка улица која брзо се минува од едниот до другиот крај, за кратко време може да ја претстави состојбата во која се наоѓа „ градот на светлината“.  Апелираат до надлежните да се преземат мерки за уредување на улицата низ која секојдневно минуваат голем број гости кои престојуваат во градот.