Диви депонии никнуваат во Охрид. Ако до неодамна несовесните граѓани ги загадуваа претежно местата во предградијата и околината, сега шутот и најразличен друг отпад може да се сретне покрај улиците во градот. Екипата на Ohridnews беше сведок како несовесен граѓанин со камион одлага шут на улицата „Распаќе“ во близина на спојот со булеварот „Туристичка“. Штом забележа дека се фотографира, камионџијата со голема брзина се оддалечи од местото каде веќе никна дива депонија.
ул. „Распаќе“ се претвора во депонија
Слични диви депониии има на повеќе локации во околината на Охрид. Несовесните граѓани за да не платат, наместо на специјализираната депонијата за шут во Мауцкер, отпадот го одлагаат кај ќе стигнат. Од Комуналната инспекција велат дека се немоќни да се справат со проблемот зошто немаат можност да изрекуваат мандатни казни, а поднесените прекршочни пријави заглавуваат во судските лавиринти. И додека надлежните собираат рамења, диви депонии почнаа да никнуваат и во градот.
Со богата свечена приредба која се одржа вчеравечер ООУ „Григор Прличев“ го одбележа својот патронен празник Пред бројната публика, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ беа изведени б...
Денеска од страна на Шумската полиција од Охрид при редовна контрола во село Ботун пронајдени се бесправно складирани 3,5 prm дабово дрво Од страна на Шумската полиција со потврда за привремено одз...
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово Овој проект има за цел да го подобри сн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.