Жителите од улицата „Пере Тошев“ , која се наоѓа во непосредна близина на училиштето „Братство и единство“ повторно упатуваат апел до надлежните конечно да се асфалтира нивната улица.

Како што тие потенцираат, неделава се подготвуваат да ја “прослават” годишнината од кога оваа улица е раскопана и е покриена само со чакал. – Кога е суво се крева прашина, а кога врне мора да минуваме низ кал. Ги амортизиравме нашите автомобили, но и велосипеди. Охрид не е само центарот на градот и улиците како славеј Планина или Кеј Маршал Тито, револтирано велат жителите од „Пере Тошев“.


OhridNews во неколку наврати пишуваше за овој проблем во текот на месец јуни. Тогаш од Локалната самоуправа беше дадено ветување дека по завршување на градежните зафати во Пештани и на улицата “Железничка”, кои се третираат како приоритетни проекти, ќе се премине на асфалтирање на улиците “Пере Тошев” и ” Петар Поп Арсов”.

OhridNews