Жителите од улицата Пере Тошев се жалат дека нивната улица веќе неколку месеци е раскопана и надлежните служби се уште не ја асфалтирале. Велат дека од октомври е покриена со чакал.
Од Локалната самоуправа објаснуваат дека до застој во градежните работи дошло поради изведување на градежните зафати во Пештани и на улицата Железничка кои се определени како приоритетни за завршување пред почетокот на сезоната. Ветуваат дека по нивното завршување, околу 20- ти јули, изведувачот ќе продолжи со активностите за асфалтирање на улиците Пере Тошев и Петар Поп Арсов.
Иако овие улици спаѓаат во централното градско подрачје, дел од градот на кој од 1 јули се забранува изведување градежни работи, од Локалната самоуправа објаснуваат дека забраната не важи за зафати кои се од јавен интерес, како што е асфалтирањето на улици.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com