Мадридската улица „Мартин де лос Херос“ на крајот на месецов ќе стане шпанска улица на славните, а свеченото претставување ќе биде на 27 јуни, пренеле шпанските медиуми. Своја ѕвезда, за почеток, ќе добијат 25 луѓе од областа на шпанската кинематографија, вклучувајќи ги Педро Алмодовар, Пенелопе Круз, Антонио Бандерас и Хавиер Бардем.
Подоцна секоја година улицата на славните ќе се проширува за една или две ѕвезди. Од шпанската филмска академија порачале дека ги избрале оние кои најмногу придонеле за развојот на шпанскиот филм и додале дека сакале да има 25 звезди, бидејќи академијата оваа година го слави својот 25 роденден.