Точно пред една недела, после сугестија од наш читател за бројните грешки на новите патокази по нашите улици, малку „прошетавме“ и дефинитивно се
уверивме во тоа. Како реакција на објавениот текст во ohridnews, Локалната самоуправа, поточно секторот
за сообраќај го стопира (запрен е тендерот) понатамошното поставување на
двојазичните патокази бидејќи се, рака на срце иако симпатични, преполни со
печатни и суштински грешки.
потсетиме, во прилогот што го објавивме на 15 – ти март оваа година напишавме
за нон-сенс натписите како нпр. Улица „Кеј Маршал Тито“ (или е улица или
е кеј?) односно ул. „Бул. Туристичка“ (зошто не „Туристички булевар“?).
Англиските верзии се исто така „забавни“, во смисла ако е кратенката за улица
на македонски „ул.“, на англиски е „
улицата, нпр. Zeleznicka str. или st. ама само после името. Вака, напред има значење – „свети“ (Наум,
Џорџ итн.). Замислете
просечен странски турист, ја бара насоката и гледа дека секоја улица во светиот
град има „свето“ потекло. Токму да почне да се крсти.
Понатаму.
Правилно што имињата на улиците не се преведуваат, но некои имиња како на
пример Ѓорѓија, на англиски се напишани Gjorgjija. „Г“ и „Ј“ едно до друго во англискиот Е НЕМОЖНО ДА
СЕ ПРОЧИТААТ (ќе звучи како „гџ“)
фирмата која ги поставува знаците, но прашањето е „Дали некој воопшто врши било
каква контрола и зошто требаше да се постават стотици знаци со грешки пред
некој (локалната) да реагира?“ Доволно ќе беше само некој добар јазичар,
професор, да ги „ѕирне“ шемите пред да одат на печатење. Вака – штетата е
сторена!
Да го
цитирам нашиот ценет читател Јован А. – „Ваквите пропусти не му служат на чест
на градот кој се гордее со Првиот универзитет и кој претендира да биде
метропола на нашата култура и писменост.“
С. Костоски