Нашиот сограѓанин Јован А. во писмо ни напиша вака:

Последниов месец на раскрсниците низ нашиот град се појавија нови патокази кои се многу симпатични, а ќе бидат и од голема корист за граѓаните и гостите.

Меѓутоа,направени се некои пропусти кои не му служат на чест на градот кој се гордее со Првиот универзитет и кој претендира да биде метропола на нашата култура и писменост.

Се работи за погрешна употреба на поимите УЛИЦА, КЕЈ, БУЛЕВАР. НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПИШУВА УЛИЦА КЕЈ МАРШАЛ ТИТО (или е улица или е кеј!), ниту пак УЛИЦА БУЛЕВАР ТУРИСТИЧКА (!!!). Ако е улица не е булевар, а ако е БУЛЕВАР (машки род) тогаш треба да стои ТУРИСТИЧКИ БУЛЕВАР. Ова го пишувам со голема доза на одговорност за да не ни се потсмеваат луѓето кои прават разлика меѓу улица, кеј, булевар и плоштад.“вели Јован.



Потполно се согласуваме со нашиот читател, како „доказ“ ги приложуваме фотографииве, со неколку наши сугестии. Во англискиот правопис она “str.” (street = улица) секогаш стои после името на улицата нпр. “Zeleznicka” str., а кога веќе има патоказ за „Плажи“ зошто англискиот превод е во еднина (Beach) и слични, навидум мали пропусти, но секоја грешка се „брои“ и нормално постанува цел на потсмев. А за „улицата, кејот и маршалот“ и зошто воопшто го носи неговото име кога цела бивша Југославија се откажа од него – во некоја друга прилика.

Текст и фото:
 С. Костоски