Немил настан се случи на улица „Богомилска“ во Охрид. 16 – годишен ученик по име Иле од Злетово  се самоубил во станот на четврти кат каде што живеел под кирија. Иле си го одзел животот со бесење синоќа околу 21 часот, а неговото безживотно тело го пронашол негов другар денеска околу 13 ч. 

СВР Охрид и истражен судија направиле увид на местото каде според соседите била пронајдена и порака која ја оставил Иле. Не е позната содржината. Околу мотивите за овој чин никој од соседите не можеше ништо конкретно да каже, но најверојатна причина (неофицијално) е несогласување на детето со својот татко.

Ученикот од „Угостителско“ во Охрид до последните моменти од животот бил со другарите и не оддавал никакви знаци дека може нешто да си стори себеси.

Истрагата е во тек.

С.К.