Во текот на вчерашниот ден околу 14 часот, во СВР Охрид од слобода бил лишен 40-годишен охриќанец.

Тој претходно, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, по вербална расправија, со остар предмет повредил 39-годишен сограќанин. Повредениот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, е задржан на понатамошно лекување. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Ноќеска во 01.05 часот, на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, се случила вербална расправија помеѓу 51-годишник и 17-годишник, двајцата од Охрид, која прераснала во меѓусебна тепачка.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Во текот на изминатата ноќ во периодот од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведени биле засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници, затекнале 8 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга-03, Кичево-01.). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, стои во полицискиот Билтен.

OhridNews