Улична мачка му го спасила животот на 68-годишниот тајванец Ли Јанг, кој паднал во септичка јама и таму останал два дена.

Ли, сиромав тајвански селанец кој живеел од социјална помош и копање низ ѓубре, паднал во септичка јама, и останал заглавен во неа полни два дена.


Спасен е откако една од уличните мачки, која Ли редовно ја хранел со остатоци, упорно мјаукала пред вратата на соседот се додека тој не одлучил да ја следи и додека не го однела право до јамата полна со измет во која се наоѓал несреќниот Лу, кој веќе бил без свест.