Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес верува дека напаѓачот Роберт Левандовски ќе остане во тимот од Минхен.
Сигурен сум 100 отсто дека Роберт следната сезона ќе игра за Баерн. Тој има договор до 2023 година. Би сакал да биде продолжен, ова сум го кажал повеќе пати. Ова е моја гледна точка, изјави Хенес.
Претходно беше објавено дека Баерн има финансиски проблеми, па клубот не може да ја зголеми платата на играчот.
Левандовски е во Баерн од 2014 година. Во сезоната 2021/22, напаѓачот постигна 48 гола и оствари шест асистенции на 43 натпревари за тимот.
OhridNews