Јули 2015 е најтоплиот месец досега на планетата Земја, со тоа што најтопло било во Европа и Блискиот Исток.
Американските метеоролози објавиле дека просечната температура во јули на глобално ниво изнесувала 16,6 степени Целзиусови што е за 1,7 степени повеќе од тоа што било регистрирано последен пат во 1998 година.
Најжешки делови во светот во јули биле Европа и Блискиот Исток. Според резултатите температурата регистрирана од првиот до седмиот месец во 2015 година, исто така, бил над повеќедеценискиот рекорд.
Температурата на водите во океаните, исто така, бележела раст од 1,35 степени Целзиусови во месец јули во однос на температурата во истиот период регистрирана минатиот век.
OhridNews