– Овој потег е хортикултурно уреден од страна на екипите на „Паркови и зеленило“ , засадено е сезонско цвеќе, украсни дрвца и поставени се декоративни земјени саксии. Децата играјќи го злоупотребуваат просторот, ја оштетуваат тревата, ги кршат цвеќињата и дрвцата, а недоличното однесување кулминира со фрлање на ќуповите во езерските води, потенцираат од јавното претпријатие, од каде за решавање на проблемот помош е побарана од СВР- Охрид.
Оттаму, со апел до граѓаните, особено до младата популација, да не ги уништуваат парковите.