Засега непознати крадци во градот Линдон, во американската држава Јута, украле скулптура тешка 4 тони. Интересно е дека никој не забележал нешто сомнително, иако е јасно дека крадците морале да користат дигалка и камион за да ја украдат скулптурата вредна околу 100 илјади долари.


Што е уште почудно, монументалната скулптура стоела на заграден плац на продавница за нови и половни мотори Харли Дејвидсон, а на безбедносните камери не била снимена кражбата. Скулптурата претставува возач на мотор кој се трка, а украдена е заедно со гранитната подлога тешка повеќе од еден тон.