Новозеландските полицајци доцна навечер запреле еден претоварен автомобил во Кристчрч, и во него пронашле повеќе од 1000 шишиња пиво. Две момчиња на возраст од околу 20 години биле обвинети за кражба на 91 пакет пиво од еден магацин кој се наоѓал во близина на градот.


Во секој пакет имало по 12 шишиња. Сите тие, вклучувајќи се и самите себе успеале да се соберат во автомобил Мазда 323, соопштила новозеландската полиција минатиот викенд. Сцената која изгледала како да е од некоја забавна фотографија сепак била кобна за момчињата кои завршиле зад решетки.