Чилеанската полиција активно трага по крадците кои украле пет тони илјадагодишен мраз, изваден од глечер во Патагонија, на крајниот југ од земјата, објавиле локалните медиуми повикувајќи се судски извори. Управата за шуми на Чиле поднела тужба во петокот откако видела како една компанија го вади мразот од глечерот „Horhe Mont“, во Патагониското ледено поле, објаснил локалниот обвинител Хозе Морис.

Тој истакнал дека ова дело во принцип се квалификува како обична кражба, со оглед на количината мраз чија пазарна вредност достигнува нешто повеќе од 6000 долари. Додал дека пресудата би можела да биде донесена за деликт против културното наследство. „Horhe Mont“, со површина од 454 квадратни километри, е еден од 49 глечери кои го сочинуваат јужното Патагониско ледено поле, кое се наоѓа на Андите на границата со Аргентина.