Германската полиција ги предупреди крадците кои украле 300 килограми лешници, ни случајно да не ги јадат.
Претставникот на хамбуршката полиција, Холгер Верен, изјавил дека вреќите во кои биле спакувани украдените лешници биле полнети со отровен гас, хидроген-фосфат, како на лешниците би им се продолжил рокот на траење.
„Ги бараме крадците бидејќи можат да се соочат со многу сериозен ризик по нивното здравје доколку ги јадат тие лешници. Гасот е дури смртоносен доколку се вдише“ – рекол претставник од полицијата.