На најголемиот саем за накит во светот, кој се одржува во холандскиот Мастрихт, биле украдени прстен и дијамантска огрлица со вкупна вредност од 860 илјади евра. Прстенот со голем сафир и дијамантската огрлица се во сопственост на познатата лондонска фирма Хенкок. Ги снемало од штандот под сеуште неразјаснети околности.
На овогодинешниот саем учествувале 263 фирми кои се занимаваат трговија со уметнички предмети. Биле изложени околу 30 илјади слики, скулптури, накит, порцелан, облека и сл. Најголема заработка донела сликата “David i Betsabe” од 1534 година на германскиот уметник Лукас Кранах, која била продадена за 5,3 милиони евра.