Шведски крадци останале без својот плен откако украле камп приколка во која спиел сопственикот. Преплашениот турист Бјорн Фелдбек се разбудил кога почувствувал дека неговата приколка се движи.
Откако поминале извесно растојание од местото на кражбата, крадците влегле во кабината. Кога ги видел, Бјорн почнал да урла, се додека крадците не побегнале од страв. Полицијата ги бара непознатите крадци.