Циркускиот лав Цезар доживеал вистинска авантура во Германија кога крадци го украле камионот во кој бил сместен. Крадците подоцна се удриле со камионот во еден сообраќаен знак и го напуштиле камионот. Полицијата го пронашла камионот и го пренела во стовариште, не знаејќи дека во него се наоѓа лавот Цезар.


Лавот поминал без повреди, а подоцна кротителот од циркусот дошол да го врати назад, откако била откриена кражбата. Крадците успеале да побегнат, а најверојатно не знаеле дека заедно со камионот украле и лав. Портпаролот на циркусот изјавил дека камионот немал ознака дека во него се наоѓа животно.