Четворица крадци искористиле украдени автомобили, приколка и копач за да упаднат во банка и украдат еден банкомат во Ирска. Иако банкоматот во склопот на банката се наоѓа недалеку од една полициска станица, крадците својот план го извеле без никакви проблеми.

Сложната екипа дошла со украдената опрема, го срушила ѕидот и го зела банкоматот во кој имало околу 100 илјади евра. Еден мештанин се снимил со мобилниот, па сега заедно со камерите од банката снимката е доказен материјал за полицијата.