Крадците во Хатерлејџ, Велика Британија, зад себе оставиле голема дупка во ѕидот откако украле цел банкомат. Полицијата претпоставува дека во него имало околу 30 илјади фунти. Од полицијата известиле уште и дека банкоматот го одвезле со комбе.
Користеле помала дигалка за вадење на банкоматот од ѕидот. Во ѕидот останала само голема дупка. вработените во банката сеуште ја проценуваат сумата која била во банкоматот. Кражбата била извршена недалеку од местото каде непознати разбојници ограбиле банка два дена претходно.