Една американка наводно украла шише вино вредно 3,99 долари како би била уапсена, со цел да го види своето момче кое веќе било во затвор. Алиша Валики е обвинета за кражба и пуштена со кауција од 5000 долари. Полицијата соопштила дека таа шишето вино го украла од продавница во рамките на една бензинска пумпа во Тексас.

Жената била уапсена додека го пиела виното пред истата продавница. Во записникот од апсењето стои дека жената им рекла дека сакала да го види своето момче кое било уаспено неколку часа претходно и побарала од полицијата да ја испратат во затвор. Полицијата не го открила идентитетот на момчето и не соопштила дали жената го видела.