Британката Џоан Кент која украла 470 илјади фунти за да ја плати својата венчавка, добила две години затвор. Изнајмила цел хотел и направила огромен огномет. Само за автомобили потрошила повеќе од 50 илјади фунти. Мајката на две деца се венчала за Дејвид во Њукеј.


Парите ги украла од својот поранешен работодавец, пред да престане да работи, два месеци пред венчавката. Парите ги префрлила на своја сметка, а трагата ја прикрила со лажни исплати на повеќе фирми. Ја откриле откако ја погрешила валутата. Сакала да направи трансфер на американска фирма во фунти наместо во долари. Да не згрешела можеби никогаш не ќе ја откриеле. На суд ја признала вината.