Една жена е обвинета дека од атељето за изработка на накит во Њујорк, во кое работела, украла 227 килограми злато така што секој ден земала по неколку грама. За шест години 50-годишната Тереза Тамбунтинг во својата ташна однела злато во вредност од седум милиони долари.
Пленот кој морала да го врати на работодавачите го донела во куфер и неколку кофи. Доколку биде прогласена за виновна ќе мора да оди во затвор 25 години.