Една жена од Тајпеј на Тајван минатата година украла скоро 2000 книги за да ги препродава на интернет. Од вкупниот брoј на украдени книги таа успеала да препродаде 1500. Таа признава дека не сака да чита, и вели дека со кражбите започнала откако ја отпуштиле од работа, и дека крадела од повеќе книжари.
Најчесто крадела патеписи и бестселери кои се продавале најдобро. Нејзиниот бизнис на интернет одел толку добро што имала стални муштерии, па дури и примала нарачки. За една година била фатена само еднаш, но и тогаш после долго молење го убедила шефот на книжарата да не повика полиција.
Во просек крадела по пет книги на ден и секогаш ја менувала облеката, фризурата и ташната за да не биде препозната. Полицијата соопштила дека ќе мора да одговара на суд за кражба со која незаконски стекнала 6700 евра.