За мажот од Монтереј (Мексико) може да се рече дека загризал повеќе отколку што може да проголта, кога во устата ја ставил златната огрлица што ја украл од осум годишно девојче.

Јосе Ригоберто Салас (25) бил одведен во полициската станица, каде му дале лакстативи за да може полицијата да дојде до доказот.


Ја признал кражбата и рекол дека огрлицата ја проголтал кога ја здогледал полицијата бидејќи во тој момент му се чинело логично.

Му прети парична казна или затвор во траење од 6 месеци до 15 години.