Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 29- годишно лице од струшкото село Лабуништа.
– На шести март оваа година, пријавениот од златара лоцирана во безистенот во Струга, одзел една детска златна белегзија со што се стекнал со противправна имотна корист од 12000 денари. Откако пристигнал во златарата,пријавениот од сопственикот на златарата побарал да види какви модели на златни детски белегзии се нудат. Во моментот кога сопственикот на златарата вршел мерење на белегзиите, пријавениот искористил згодна прилика и успеал незабележано да одземе една детска белегзија, по што излегол од златарата. Набрзо, бесправно одземената златна белегзија тој ја понудил на продажба во соседната златара, каде со сопственикот се договориле за купопродажна цена од 70 евра, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По пријавувањето на кражбата, полициските службеници од полициската станица во Струга го забележале лицето во струшката чаршија од каде е приведен.
OhridNews