Вооружен човек во главниот град на Бразил од луксузен сексу шоп украл позлатен вибратор времен 4000 долари. Влегол во продавницата „Еротика луксо“, го врзал продавачот и го зел вибраторот од витрината. Со себе не понел ништо друго.
За еротските продавници моментално е поволна сезона, бидејќи за помалку од две седмици се прославува бразилскиот ден на вљубените. Сопственичката на продавницата, Ванеса Балдини, рекла дека крадецот можеби нема целосно да биде задоволен со вибраторот од шведско производство, бидејќи имал јадро од челик, што ја отежнува постапката за вадење на златото. Покрај тоа, Ванеса додала дека заборавил да го украде полначот за апаратот.