Еден посетител од музејот во норвешкиот град Ставангер украл заб од кит со должина од 2,5 метри, соопштиле официјалните лица од музејот. Крадецот бил во темен мантил и со црна кожна капа на главата. Бил на возраст помеѓу 40 и 50 години.
Побегнал со експонатот во придружба на големо бело куче кое го чекало пред музејот. вредноста на забот стар околу 100 години е проценета на околу 9300 долари. Кражбата била пријавена во полицијата, која трага за крадецот.