Кога дознал дека неговата девојка го оставила, еден 23-годишен Германец излегол од ноќниот клуб, украл трактор и тргнал да си оди. Полицијата започнала потера која не била многу брза. Се обиделе да му го блокираат патот, ставиле шилци, но тракторските гуми биле предебели и Германецот го продолжил својот поход.


Трчајќи по тракторот полицајците го прскале со солзавец низ прозорецот, но и тоа не им помогнало. На крајот го запреле со пукотници во гумите на тракторот, откако се залетал во едно полициско возило.