Мајкл Браун украл накитена божиќна елка од детската играчница во една британска стоковна куќа во Северен Велс. Полицијата многу бргу го уапсила следејќи ги трагите на игличките од елката. Браун признал дека ја украл елката и неколку играчки.


Дрвото му го продал на некој минувач за 10 евра, а играчките планирал да ги поклони како божиќни подароци. Сопственикот на стоковната изјавил дека е жалосно некој да се одлучи да краде од децата. Сега ќе мора да набави нова елка за да не ги разочара децата. Браун бил казнет со парична казна од околу 300 евра.