Поради основано сомнение дека е сторител на едно казнено дело ,, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем ,, Секторот за внатрешни работи Охрид” поднесе кривична пријава против лицето П.Н. роден 1990 година од Охрид.

Пријавениот, на ден 18.01.2009 година, во згодна прилика од негова блиска роднина одзел ,,Мастер”картичка од „Охридска банка“ а по кратко пребарување во нејзиниот дом, го пронашол и пин-кодот. Набрзо потоа, од банкомат во два наврати подигнал 15.000 денари кои ги потрошил честејќи ги своите другари. Знаејќи дека на картичката има уште пари, пријавениот следниот ден подигнал уште 4.000 денари кои повторно ги потрошил со своите другари во еден од охридските кафе барови. Откако ги потрошил сите пари, пријавениот, ја вратил „Мастер“ картичката на истото место во домот на оштетената роднина.

Со противправното одземање на  картичката, и со неовластеното подигање пари од банкомат, пријавениот П.Н. се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 19.000 денари.

извор: СВР Охрид